Двајца загинати во вооружен напад во Иран

Најмалку двајца припадници на иранските безбедносни сили се убиени денеска при вооружен напад во провинцијата Хузестан во западниот дел на Иран, близу границата со Ирак.

Гувернерот на Хузестан, Мухсин Бејравенд изјави дека инцидентот се случил кога вооружени напаѓачи од автомобил во движење отвориле оган врз возило на безбеднсните сили.

При нападот се убиен еден полицаец и еден припадник на Армијата на Иран.

Властите покренаа истрага за случајот.

Треба да знаете
Последни објави