Мори Паские:Ратификацијата на Преспанскиот договор го отвора патот за нова ера на стабилност на регионот

Претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа,  Лилиан Мори Паскиер, ја поздрави ратификацијата од страна на грчкиот парламент на „Преспанскиот договор” склучен на 17 јуни 2018 година помеѓу Скопје и Атина, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

-Ова е историски момент и сакам да им честитам на премиерите Заев и Ципрас за нивното лидерство по ова прашање, како и на членовите на парламентите во Скопје и Атина за нивната определба и храброст да го решат долготрајниот билатерален спор кој многу години ги мачеше односите меѓу двете земји , рече швајцарската парламентарка, која претседава со паневропската асамблеја.

Ратификацијата на овој договор, нагласи, го отвора патот за нова ера на стабилност низ целиот регион и претставува добар пример за помирување и одговорност.

-Договорот ќе биде од корист за жителите на двете земји, регионот и цела Европа, посочи Лилиан Мори Паские.

Треба да знаете
Последни објави