Храброста на македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор е значајна не само за двете земји, туку и за целиот регион, поради што ќе бидат кандидирани за Нобелова награда, вели поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.
Според него, Договорот од Преспа за промена на името на Македонија има историска важност не само за двете земји, туку и за целиот регион на Западен Балкан.
,,Храброста на грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев е достојна за восхит. Групата „Пријатели на Македонија“, заедно со европратеници ќе предложи кандидатура на премиерите за Нобелова награда, изјави Плевнелиев на обраќањето на панелот „Светот е бизнис“ на светскиот економски форум во Давос.