Сопружници од Белград се фрлиле од зграда оти пред една година им се убил синот

Сопружниците В.Н. (54) и Д.Н. (55) од Белград, денеска скокнале во смрт од зграда во изградба.

 

Според полицијата, тие се договориле да си ги одземат животите и тоа го направиле со скок од зграда во близина на нивното живеалиште, која била во изградба.

Наводно, тие се одлучиле на овој чекор, затоа што нивниот син пред една година, исто така, се самоубил.

Мажот Д.Н. се јавил кај свои роднини порано денеска и им кажал што имаат намера да направат. Роднините се јавиле во полиција, но полицајците не ги нашла дома, а ги нашле малку понатаму во подножјето на недоизградената зграда. Итната помош можела да констатира само смрт.

Треба да знаете
Последни објави