Денеска во 11 часот во големата сала на општина Велес ќе се одржи првата трибина од серијата трибини со граѓаните „Силна економија – шанса за сите“ на којашто граѓаните и претставниците на компаниите од Велес ќе дебатираат заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.
Трибините со граѓаните „Силна економија – шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.
Трибината може да ја следите на следниов линк: https://youtu.be/Vov7sUW0E6k