Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна поради надминувањето на спорот за името Македонија.
„Ова е само мала, но многу важна вест, која има многу врска со војна и мир, како и со стабилност“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на собир на ЦДУ во Тринвилерсхаген. Според неа, со Преспанскиот договор, патот за земјата е отворен.
Грчкиот парламент вчера го ратификува договорот од Преспа. Од вкупно 300 пратеници, 153 гласаа „за“, 146 гласаа „против“ и еден „воздржано“. Претходно договорот помина и во македонскиот парламент.