Со ратификацијата на Договорот од Преспа во Парламентот во Грција се реши 27 годишниот спор што ја влечеше државата надолу и го спречуваше развојот на регионот.Отстранета е последната пречка на патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ и НАТО, соопшти СДСМ.
Според партијата, спорот е решен во интерес на државата, граѓаните, националните и државни интереси. Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебност се обезбедени и зајакнати, еднаш засекогаш признаени од целиот свет, идината на Македонија во ЕУ и НАТО е извесна.
,,Македонија станува 30 земја членка на НАТО алијансата, а следува и започнување на преговорите за членство во ЕУ.Тоа значи поголема безбедност и сигурност, трајна заштита на границите, но и пристап до поголем пазар, нови инвестиции и работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.Договорот од Преспа е пример за решавање на децениски спор во интерес на двете страни и е модел за решавање на идни билатерални проблеми во регионот и светот”, се додава во соопштението.
СДСМ им честита на граѓаните на двете земји за постигнатиот историски договор и им се заблагодарува на сите политички, граѓански и општествени чинители кои го поддржаа Договорот што обезбедува развој, мир и просперитет на целиот регион.