Најмалку пет лица загинаа, а двајца се повредени во судир на мал туристички авион и хеликоптер над италијанскиот дел од Алпите.
Несреќата се случила во регионот Вале д’Аоста во северозападна Италија, во близина на границата со Франција, на височина од околу 3.000 метри, пренесува британски „Индипендент“.