Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск се заложи денеска за праведно и мирно решавање на политичката криза во Венецуела, со кое што би се почитувале човековите права и би било во корист на сите луѓе.
Франциск рече дека за време на кризата особено се чувствува близок со жителите на Венецуела. Ватикан не соопшти дали ќе го поддржи опозицискиот лидер Хуан Гваида, кој во средата се прогласи за претседател на Венецуела. Гваида веднаш го поддржаа САД и бројни латино-американски влади.