(Видео) Грчкиот пратеник Филис: Македонија стана грчка со размена на населението

На социјалните мрежи се појави видео на кое пратеникот Никос Филис говори како грчкиот дел од Македонија станал дел од Грција. „Македонија стана грчка“ , рече Филос , кој потсети дека кога се кажувало дека станува збор за иредентизам ако се тврди дека Македонија е една и грчка , тоа веќе не е така. Со Договорот Македонија навистина стана само грчкa, рече Филос.

https://www.facebook.com/131340650965/videos/366794170772282/?t=21

– Македонија не е една и грчка. Има повеќе Македонии. Македонија на другиот која цврсто се определува во Букурештанскиот договор со нашиот-грчки потпис. Кога го слушаме извикот: „Македонија е една и грчка!“ се возприема како иредентизам, како непочитување на меѓународните договори на земјата. Може и да не звучи добро, но тоа е вистината. Грчката Македонија е грчка и да сум појасен, СТАНА грчка. Затоа што по население Македонија до 1912/1913 и 1921/1922 кога дојдоа бегалците од Мала Азија немаше грчко мнозинство, само одредени зони на југ. Значи стана грчка со размена на население преку тешките настани кои ги преживеавме и ние но и други народи во регионот. Ако тоа е така, со грчкиот потпис, а не со моето тврдење тука, кон што водат извиците: „Македонија е една и грчка!“? Со кого си играме мајтап? Со самите себе? , рече пратеникот Никос Филис.

Треба да знаете
Последни објави