Руски бомбардер „ту-22М3“ се урна во вторникот при слетување на воен аеродром во Мурманската област во Русија.
Сега, во медиумите се појави снимка од падот на военото летало.
Како што може да се забележи на видеото, авионот се обидел да слета додека видливоста била многу слаба, па со задниот дел удрил во земјата, се преполовил, а потоа и се запалил.
Во авионот имало екипаж составен од четири члена, од кои тројца загинаа.
Единствениот преживеан е хоспитализиран и има сериозни повреди. Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.