Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ славеа во Бостон со 111:115 за серија од десет победи во низа, по интересен и неизвесен натпревар.
Најдобар кај гостите беше Кевин Дурент со 33 поени и 9 скокови, додека Стеф Кари додаде 24 поени. За „Бостон“ најдобар беше Кајри Ирвинг со 32 коша и десет асистенции, а Ал Хорфорд имаше 22 поени и 13 скокови.
Никола Јокиќ со својот седми сезонски трипл-дабл го преводеше „Денвер“ до победа над „Филаделфија“ од 126:110. Српскиот центар на 32 поени додаде 18 скокови и 10 асистенции по еден меч суспензија поради влегување на теренот од клупа за време на инцидент.
Резултати од останатите натпревари:
„Њу Орелеанс“-„Сан Антонио“ 114:126
„Мемфис“-„Индијана“ 106:103
„Портланд“-„Индијана“ 120:111