Гевгеличанецот Љ.А.(40) загина, а уште шестмина биле повредени во експлозијата на гасна боца, вчера во Гевгелија, информираше МВР.
-На 26.01.2019 година околу 15.50 часот на улицата Маршал Тито, во продавница за производи од железо настанал пожар при што вработениот Љ.А. починал, а повредени биле неговите колеги А.Ј.(46), П.Д.(39), В.Б.(42), И.З.(42) сите од Гевгелија, како и М.Ј.(29) од село Прдејци. По укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија лицата се пуштени на домашно лекување. Повреден бил и В.Ј.(30) од Гевгелија кој, по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје, велт од МВР.
Причина за пожарот, според првичните сознанија е експлозија на гасна боца која В.Ј. ја донел за да се монтира горилник. Од страна на Противпожарна екипа пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.