По протестите на „жолтите елеци”, денеска во Париз се одржа и собир на „црвените шамии”, кои бараат да „прекин на блокадите” и „ззпирање на насилството” во земјата и на кои во маршот низ париските улици им се придружија граѓански здруженија и „сините елеци”.
Како што јави дописникот на МИА. движењето на „црвените шамии” се појави во местото Воклуз во јужна Франција, само неколку дена по првите протести на „жолтите елеци” на 17 ноември минатата година.
Нивната група на Фејсбук, насловена „Црвени шамии: одговор на жолтите елеци”, беше создадена на 26 ноември о таа брои 38.190 членови. Фејсбук групата, пак, „СТОП! Сега, Доста е”, регистрирана на 10 минатиот месеци, има 4.575 „лајкови” и 5.711 членови. Третата група учесници на денешбиот собир, „сините елеци “, на Фејсбук има 1.540 членови.
Собирот што овие три групи од организираа денеска во Париз беше насловен „Републикански марш на слободата”.
– На улиците денеска излегоа оние кои се уморни секоја сабота да гледаат сцени на грабежи и насилство и оние чија слобода на движење беше попречена, изјави основачот на движењето „сини елеци”, Лоран Сењис.
Овој 36-годишен адвокат и симпатизер на партијата Републиката во движење (РЕМ) на францускиот претседател Емануел Макрон, истакна дека протестите на „жолтите елеци” предизвикале проблеми во економијата.
Тој нагласи дека е „изненаден” од некои од методите што ги користи движењето на „жолтите елеци”, кои, според него, „се близу до екстремизам и популизам”. – Дојдено е време да кажее „стоп”, вели Сењис.
Организаторите на денешниот марш тврдат дека тој не е „про-Макрон”, а пратениците и министрите кои се приклучија на собирот на улиците на Париз, негалсуваат дека тоа го сториле од лично име.
На вчерашните протести на „жолтите елеци”, според полицијата, учествувале околу 65.000 лица, што е речиси 15.000 помалку во споредба со демонстрациите од минатата сабота. „Жолтите елеци”, соопштија дека нивните протести ќе продолжат и најавија нови собири за следната сабота. Тоа ќе биде 12-та по ред сабота во кој се одржуваат протесто на „олтите елеци”.