На 26/27.01.2019 година во временскиот период од 22 до 4 часот полициски службеници при СВР Тетово во содејство со повеќе организациски единци во МВР, како и надлежни инспекциски служби при УЈП, Трудова и Пазарна инспекција спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти каде престојуваат и нелегално се вработени странски државјани, како и за откривање на други кривични дела.
При акциската контрола опфатени се пет угостителски објекти од кои три на подрачјето на Тетово и два на гостиварското подрачје. При контролата во угостителските објекти затекнати беа вкупно 39 женски лица од кои 13 се македонски државјанки, како и 26 странски државјанки од кои 11 се државјанки на Србија, девет се Албанки, четири Бугарки и по една државјанка на Босна и Херцеговина и од Косово. Затекнатите лица се на возраст од 20 до 46 години. Лицата се приведени и задржани за понатамошна постапка.