Светската ракометна федерација по завршувањето на Мундијалот во Германија и Данска вечерва ги прогласи најдобрите седум кои го сочинуваат идеалниот тим.
Новиот светски шампион Данска во своите редови ги има најкорисниот играч на Мундијалот, Микел Хансен, како и најдобриот голман и среден бек.
Идеален тим на СП 2019:
Голман – Никлас Ландин
Лев бек – Сандер Сагосен
Среден бек – Расмус Лауге
Десен бек – Фабијан Вајде
Десно крило – Феран Соле
Лево крило – Магнус Јондал
Пивот – Бјарте Мирхол.
МВП и најдобар стрелец – Микел Хансен.
Тој откако го крена трофејот, не заборави да се заблагодари на сите на кои им го должи овој успех.
-Раул Гонзалез е тренер, кај кој имам значително голема минутажа, а и пристапот кон играта и целиот тренажен процес е поинаков од досега. Самите можете да видите дека мојата форма оди во нагорна линија цела сезона, изјави Хансен за данската Телевизија 2.