Во подем развојот на ловниот туризам во Пијанец 

Група од десетина искусни ловџии од Рача, Србија деновиве повторно ја посетија општина Делчево со цел продлабочување на соработката со делчевските ловџии. Во својство на домаќин, Александар Дончевски на кој ловот му е повеќе од хоби, вели дека во последно време се поголем е бројот на ловџии кои доаѓаат на лов по Пијанечките ловишта.
-Делчевскиот или би рекол Пијанечкиот регион е привлечен за ловци од страна. Наши гости деновиве се нашите пријатели од Рача, Србија со кои имаме соработка долги години наназад. Според она што тие ни го кажаа, овдешниот дивеч од типот на диви свињи ги задоволува нивните апетити за лов и со задоволство го пренесуваат доброто искуство од Пијанец во нивниот крај. Ова за нас е од огромно значење за развој на ловниот туризам во Пијанец, истакна Дончевски.
Додаде дека поради близината на границата неретки се и дружбите со ловџиите од соседна Бугарија.
Во делчевско ловот годинава се одвива на пет ловишта на кои Ловното здружение ,,Острец” е концесионер. Ловџиите од делчевско имаат обврска во текот на зимата да се грижат за загрозените видови дивеч како што се еленот и срната, а во периодот на големи студови и висок снег, да ги потхрануваат овие видови, односно да оставаат храна на местата предвидени за прихрана.
Треба да знаете
Последни објави