Кичевец и радовишанка биле каснати од кучиња скитници, информираше МВР.
-На 26.01.2019 година во 9.35 часот во Полициска станица Кичево С.С.(68) од село Другово, пријавил дека околу 8 часот во селото, движејќи се по улица Илинденска била каснат од куче скитник во пределот на десната рака. Во Полициска станица Радовиш, пак, В.Ј.(55) од Радовиш пријавила дека околу 13.30 часот на улица Михајло Апостолски ја нападнале две кучиња скитници и ја каснале во пределот на левата нога.