Општина Аеродром и Црвен крст на Република Македонија организираат крводарителска акција в понеделник, 28.1.2019 г., од 9:00 до 14:00 часот во просториите на Општината.
Кон акцијата ќе се придружат дел од вработените во Општината, како и градоначалникот Златко Марин, како мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.
Општината ги поканува сите заинтересирани хумани луѓе и крводарители да се вклучат во акцијата за дарување крв и да помогнат во спасување нечиј живот.