Актерката која на 42 години стана мајка: Не сакав деца, бев себична

Актерката Дајан Кругер во ноември минатата година го роди нејзиното прво дете на 42-годишна возраст. Во интервју за магазинот „Портрет едит“ таа откри дека не сакала да има деца затоа што била себична.

„Долго време не сакав деца затоа што бев премногу себична. Кога наполнив 35 години помислив дека, сепак, сакам да бидам мајка, но тогаш морав да чекам да се појави вистинската личност“, вели актерката.

Пред три години таа ја најде вистинската личност – се вљуби во актерот Норман Ридус. Тие не правеа свадба, а пред три месеци добија ќерка чие име го кријат од јавноста.

Норман од претходниот брак со топ моделот Хелен Кристенсен веќе има 19 годишен син. Пред Норман, пак, Дајан беше во 10-годишна врска со Џошуа Џексон.

https://www.instagram.com/p/BtJx2RVnWG8/?utm_source=ig_embed

Треба да знаете
Последни објави