Во судир на две вооружени групи во Мексико загинаа најмалку 10 лица

Најмалку десет лица загинаа, а двајца се повредени во судир меѓу две вооружени групи во југозападната мексиканска држава Гереро, соопшти мексиканската влада.

Конфликтот се случил во неделата околу 15 часот по локално време во близина на населбата Чилапа, а телата на загинатите биле пронајдени во две возила кои биле целосно оштетени од пукањето, објави „Ројтерс“, додавајќи дека на самото место се пронајдени неколку различни видови на оружје.

Треба да знаете
Последни објави