Италијанските судии мака мачат како да осудат сериски разбојник , откако не може да утврдат кој го извршил грабежот од двајцата близнаци.
Пред неколку дена судот во Верона го ослободи Едвард Труши (34) од обвиненијата за извршени тешки кражби , бидејќи ниту со ДНК не можело да се докаже дали на местото на злосторството бил тој или неговито брат Едмонд, идентичен близнак.
Неговиот адвокат , Фабио Порта велид ека ова не е прв пат. Судот неговиот клиент го ослободил и 2016 и 2017 година , зашто не можел со сигурност да идентификува кој стои зад кражбите.
Браќата Труши исто се облекуваат и имаат исти тетоважи , а за судиите е најтешко што имаат идентичен генетски профил , така што може да се идентификуваат само со отисоци на прсти , кои искусните разбојници не ги оставаат на местото на грабежите.
https://youtu.be/FGi7XgDqpwA