Водителка на БХТ е сменета откако го честитала Денот на Република Српска

Уредничката и водителка на дневникот 2 на босанската БХТ телевизија, Светлана Топалиќ е сменета од функцијата, бидејќи на 9 јануари преку нејзиниот приватен Твитер, го честитала Денот на Република Српска, пренесе Б92.

Таа е преместена да работи на веб страницата на таа телевизија, а одлуката за тоа ја донел уредникот на информативната програма на БХТ, Марко Радојa.

Во Федерацијата Босна и Херцеговина, Денот на Република Српска се смета за неуставен. Како што пренеле федералните медиуми, Радојa наводно и претходно бил незадоволен од работата на Топалиќ.

Треба да знаете
Последни објави