Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ спречи да се донесе штетниот закон за социјална заштита

ВМРО-ДПМНЕ денеска успеа да спречи носење на штетен закон повторно со злоупотреба на Европското знаменце за носење на закони по скратена постапка. Од дневен ред од Собраниска седница беше тргнат Предлог законот за социјална заштита, изјави Благица Ласовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта сакаше по скратена, нетранспаретна постапка, без јавна дебата, да биде донесен закон со кој што на маргинализирани и луѓе со хендикеп прво, им се ускратуваат права кои веќе ги уживаат, а притоа не задоволува ниедно од нивните барања. Ваквото предлог решение поднесено од ресорното министерството изминатото време предизвика лавина негативни реакции“, рече Ласовска.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде таа, постојано реагира на злоупотребата на европското знаменце, како и во овој случај, кое што власта го злоупотребува.

„За ниедна од нотираните слабости од ЕК од таму не доаѓаат насоки да се злоупотребува транспарентноста и демократската процедура, а особено не кога станува збор за квалитетот на живот на маргинализирани групи“, рече Ласовска

Треба да знаете
Последни објави