Сакате да се храните како бодибилдерите? Вака изгледа нивниот ручек по тренингот…
Состојки:
– 1 шолја исецкани пилешки гради
– 1 шолја исецкани домати
– 1 шолја исецкана брокула
– 1 супена лажица маслиново масло
– зачини по вкус
Подготовка:
Загрејте ја тавата на среден оган. Додадете го маслиновото масло и пилешкото месо и зачините, па мешајте додека пилешкото да се испржи.
Кога пилешкото ќе биде на половина додадете ги и доматите, па по кратко време и брокулата. Мешајте и намалете ја температурата. Пржете додека пилешкото не биде готово.
Нутритивна вредност:
– Калории 466
– Масти 15 гр
– Јаглени хидрати 34 гр
– Влакна 9 гр
– Протеини 50 гр.