Полицијата на Сицилија уапси 19 членови на група за шверц на наркотици

Полицијата на Сицилија денеска уапси 19 лица, оосмничени дека се припадници на нигериска криминална група што се занимавала со шверц на дрога, стационирана во станбен комплекс за мигранти во местото Минео.

Според полицијата, групата се занимавала со шверц на кокаин, марихуана и други наркотици и дејствѕвала како организиран криминален клан.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини вети дека ќе го затвори комплексот на мигранти во Минео до крајот на годината.

Салвини за РТЛ изјави дека колку е поголем мигрантскиот центар, толку им е полесно на криминалците да се инфилтрираат во него.

Треба да знаете
Последни објави