Продолжува штрајкот на таксистите во Мадрид

Шпанската полиција денеска почна да ги отстранува такси возилата, кои го блокираа главниот булевар во Мадрид.

Таксистите бараат од регионалната Влада во Мадрид да воведат построги регулаторни прописи за превозниците како што се „Убер” и „Кебифај”.

Тие исто така бараат воведување слични мерки како во Барселона, каде локалните власти можат да ги сменат законите кои се однесуваат на превозниците кои работат преку апликации. Властите во Мадрид досега не го прифаќаа таквото решение со кои би се елиминирала конкуренцијата на таксистите.

Штрајкот на таксистите почна на 21 јануари

Треба да знаете
Последни објави