Бројот на загинатите по пукањето на браната во Бразил порасна на 60, додека 292 лица се водат за исчезнати.
Досега никој не е пронајден жив, јави „АП“.
Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртви ќе продолжи да расте.
Бразилските власти во неделата ја стопираа на неколку часа потрагата по евентуални преживеани, бидејќи постоела опасност дека ќе пукне уште една брана во сопственост на истата рударска компанија, но опасноста подоцна е отстранета.
Засега не е познато што го предизвикало пукањето на браната, а поради претпазливост, евакуирани се жителите на околните села.