Редок вид црвена панда побегна од зоолошка во Белфаст

Вработените во зоолошката градина во Белфаст, Северна Ирска, забележале дека недостига црвена падна, а полицијата изјавила дека најверојатно ужива во природните знаменитости на местото Гленгормли, пишува Би-би-си.

Полицијата ги повика жителите да бидат внимателни зошто може да наидат на овој загрозен вид, кој е само малку поголем од домашна мачка.

Црвените панди се ноќни животни и обично живеат во шумовити предели. Не се агресивни животни, но можат да бидат опасни ако се најдат во агол и ако се бранат.

 

Треба да знаете
Последни објави