Граѓаните гледаат класично алиби интервју на Христијан Мицкоски за изборниот пораз што го чека, велат од СДСМ за вечерашното гостување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на МТВ.
Во паника од успехот на Владата предводена од СДСМ, од влезот на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ Мицкоски бара алиби за изборниот пораз во измислени, нереални и непостоечки причини. Изборните манипулации и измами се симбол само за ВМРО-ДПМНЕ, за што има отвоено случаи кои се водат пред надлежните судски институции. Тоа време на злоупотреба на гласот на граѓаните заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Антизападниот Мицкоски е свесен дека нема поддршка од граѓаните, нема капацитет да понуди ништо добро за граѓаните и државата освен деструкција. Наместо да бара алиби, Мицкоски да се спреми за изборен пораз на било какви избори, кои ќе бидат слободни фер и демократски, велат од СДСМ.