Тачи: Во следните денови ќе бидат донесени важни одлуки од државен интерес

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, порача дека во следните денови и недели треба да бидат донесени важни одлуки од државен интерес, со што ќе се зајакне партнерството со меѓународните сојузници.

Тој на „Фејсбук“ напиша дека сите институции се посветени на остварување на државните цели и истакна дека дијалогот и евентуалниот мировен договор со Србија само го забрзува членството во Европската Унија, НАТО и Обединетите Нации.

„Во следните денови и недели институциите на Косово ќе преземат акции и одлуки од државен интерес и ќе го зајакнат партнерството со меѓународните сојузници. Сите државни институции се во служба на заштита, унапредување и остварување на нашите стратешки цели – членство во ЕУ, НАТО и ОН. Тие цели се остварливи сè додека позицијата, опозицијата и цивилното општество се обединети, додека зборуваме силно во еден глас и додека ја имаме поддршката од нашите меѓународни сојузници, односно американска подрршка“, напиша Тачи.

Треба да знаете
Последни објави