Торнадо ја погоди Хавана, тројца загинати и над 170 повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а 172 се повредени во торнадо, кое ноќеска ја погоди Хавана, соопшти кубанскиот претседател Мигел Диаз-Канел.

„Во тек е нашата посета на местото погодено до овој метеоролошки феномен со силен интензитет во Регли, југоисточен кварт на Хавана“ напиша кубанскиот претседател на Твитер.

Тој додал дека има големи штети и дека засега тројца луѓе го изгубиле животот, а 172 се повредени. Претседателот рекол дека спасувачки тимови се наоѓаат на погодените места.

Од фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се видат уништени домови и автомобили, расфрлани предмети и дрвја откорнати на сите страни.

Треба да знаете
Последни објави