Украдена муралот на Бенкси на врата од театарот Батаклан во Париз

Украден е муралот на британскиот уличен уметник Бенкси, што се наоѓаше на врата од театарот Батаклан во Париз.

– Тоа е голема штета, сите сме вознемирени. Банксиевото дело, симболот на споменот кој им припаѓаше на сите парижани и на цел свет, ни е одземено, се наведува во соопштението на театарот.

Еден од најпознатите анонимни уметници на светот, го наслика тој мурал во чест на жртвите кои загинаа во терористичкиот напад што се случи на тоа место ноември 2015 година. Делото отсликува тажен црно-бел лик со наведната глава под превез.

Сознанијата укажуваат дека муралот е украден во петокот, со помош на комбе.

Пред 10 дена еден друг мурал на Бенкси беше продаден за над 100.000 фунти на британски трговец со уметнички дела.

Треба да знаете
Последни објави