Според холандските медиуми, младиот фудбалер на Ајакс, Френки Де Јонг минатиот викенд веројатно го одиграл и најлошиот натпревар во дресот на клубот од Амстердам.
21-годишниот фудбалер на Ајакс настапи на дуелот против Фејенорд кој клубот од Ротердам го доби со високи 6:2, а токму најновото засилување на Барселона беше еден од најлошите играчи на теренот.
Како што пренесуваат холандските медиуми, очигледно Френки Де Јонг веќе со мислите е во Барселона, па така талентираниот Холанѓанец на теренот делувал целосно незаинтересирано и направил бројни грешки во додавањата, нешто што не е карактеристично за фудбалер од неговиот каибар.
Навивачите на Ајакс го обвинуваат дека премногу се опуштил откако станало јасно дека од идната сезона ќе го носи дресот на Каталонците.
Да потсетиме, Барселона пред неколку дена и официјално го ангажираше Де Јонг за 75 милиони евра, а Холанѓанецот ќе се пресели на „Камп Ноу“ по крајот на сезоната.