Хамшик се сели во Кина?

Како што пренесуваат италијанските медиуми, се поизвесно е дека Марек Хамшик до крајот на јануарскиот преоден рок ќе се пресели во Кина.

Наводно веќе неколку кинески клубови му понудиле богати договори на Словакот кој што би можел да го напушти Наполи и да се пресели во Кина веќе денес, со оглед на тоа што до денес трае јануарскиот преоден рок во Кина.

Хамшик пристигна во Наполи во 2007-ма година и од тогаш е незаменлив во првиот тим на Наполитанците. Хамшик е апсолутен рекордер по бројот на настапи за Наполи и по бројот на постигнати погодоци, но оваа сезона одигра само 18 натпревари и токму поради тоа се шпекулира дека би можел да се пресели во Кина.

Словакот има договр со Наполи до 2020-та година, а токму и тоа е една од причините поради која на Наполи би им одговарал неговиот трансфер, со оглед на тоа што би можеле да заработат од неговиот трансфер во некој од најбогатите кинески клубови.

Треба да знаете
Последни објави