600 американски војници пристигнаа во Сирија

Околу 600 американски војници пристигнаа во воените бази во Сирија, источно од реката Еуфрат, објави турската новинска агенција „Анадолија“.

Американските војници сега се стационирани во базите во провинцијата Алепо, вклучувајќи го и регионот Сарин, бидејќи ќе станат клучни точки за повлекување на американските војници од Сирија, објави агенцијата. Оттаму додаваат дека овие војници ќе помогнат во процесот на повлекување.

Цитирајќи неименувани извори, Си-ен-ен минатата недела објави дека Вашингтон ќе испрати дополнителни вооружени сили во Сирија, со што ќе се гарантира безбедното повлекување на американските војници од таа земја.

Треба да знаете
Последни објави