(Видео) Протести во Франција: „црвени шалови“ наспроти „жолтите елеци“

Протестите на движењето „жолти елеци“ кои во Франција може да се забележат во изминативе 11 недели, предизвика реакција не само кај претседателот Емануел Макрон и неговата влада, туку и на оние Французи кои сметаат дека протестите се многу насилни, и бараат процесите во земјата од револуционерни да се вратат назад во демократски рамки.

Дел од оние Французи кои не ги поддржуваат насилните протести на „жолтите елеци“ вчера се собраа во ценарот на Париз и одржаа протест под мотото „Доста е“.

Граѓаните организирани во групи наречени „црвени шалови” и „сини елеци“ излегоа во центарот на градот, а протестот го организираа преку социјалните мрежи под наслов „СТОП, сега е доста”.

На вчерашниот протест против насилното однесување на протестите на „жолтите елеци“ имаше околу 10.000 грашни кои на себе носеа црвени шалови.

Треба да знаете
Последни објави