(Видео) Студент починал откако изел тестенини стари пет дена

Каналот „Chubbyem“ на Јутјуб објави видео-снимка за смртта на млад студент, кој починал откако изел порција тестенини стари пет дена. Случајот е од 2008 година, но сега станал актуелен откако американскиот „Весник за клиничка микробилогија“ наишол на таа приказна.

Дваесетгодишното момче порцијата шпагети ја приготвил пред пет дена, а потоа ги оставил во кујна да стојат два дена. Неговиот цимер потоа ги преместил тестенините во ладилник, каде стоеле уште три дена, се опишува во снимките кои досега ги прегледале повеќе од еден милион луѓе.

Студентот пет дена подоцна ги подгреал тестенините во микропечка, а не бил свесен дека тоа е истата храна од пред неколку дена. Набрзо почнал да се чувствува лошо, почувствувал мачнина, главоболка и болка во стомакот. По неколку часа почнал да повраќа.

Заклучил дека се работи за труење во желудникот па испил многу вода, зел лек за желудник и си легнал да спие, се наведува во снимката. Се разбудил испотен и повторно почнал да повраќа, по што неговиот цимер повикал брза помош. Пред да дојде брзата помош, момчето се онесвестило, а во болница починало.

Посмртно е откриено дека неговата смрт ја предизвикала бактеријата Bacillus cereus, а откриено е и дека лекот што го земал го оштетил црниот дроб, кој веќе откажувал поради бактеријата која се развила во организмот.

Докторот кој се појавува во видеото, тврди дека такви случаи се ногу ретки.

„Важно е да се напомене дека ова не е типичен случај на труење од храна. Многу луѓе јадат тестенини, стари ден или два и не им е ништо. Но бидете внимателни со храната која била надвор од ладилникот повеќе од неколку часа. Ако храната мириса чудно, секогаш е подобро да бидете внимателни отколку да зажалите“ заклучува докторот

Треба да знаете
Последни објави