Десетина биле повредени во сообраќајна несреќа што пред еден час се случила на магистралниот пат Гостивар- Кичево, кај превојот Стража, дознава 24 Инфо.
Според првичните полициски информации, сообраќајката се случила во 14.10 часот, на излезот од Гостивар, во близина на Камеломонот. Во сообраќајката учествувале еден автомобил „голф“, еден „пасат“ и едно патничко комбе. Во моментов полицијата од ПС Гостивар врши увид, а сообраќајот е во прекин, вели Марјан Јосифовски, портапрол на СВР Тетово.
Фото:24Инфо