Се уште привремениот предводник на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на денешната прес конференција во пресрет на средбата со Барнли истакна дека лично блокирал еден фудбалер да си замине од тимот оваа зима.
Норвежанецот кој претходно стопираше заминување на Скот Мектомини во Селтик сега изјави дека нема да го пушти Андреас Переира да си замине од клубот како позајмен фудбалер и посочи дека до крајот на сезоната со сигурност ќе добие шанса да заигра на теренот.
– Нема да оди на позајмица затоа што Андреас е фантастичен на тренинзите. Тој е играч кој ќе го видите како игра во следниот период.
Освен за Переира, Солскјер зборуваше и за другите заминувања од клубот, но и за евентуални трансфери на „Олд Трафорд“.
– Во овој момент мислам дека сите ќе останат во клубот затоа што нема договор со никој од играчите. Сепак, има уште неколку дена од трансфер периодот, па ќе видиме што ќе се случи. Но, јас не сум премногу вклучен во преговорите и тоа што ќе се случи, ќе се случи. Добро е што побрзо да се затвори трансфер прозорецот за целосно да се фокусираме на составот што го имаме и да работиме на напредок на играчите кои ќе останат- заклучи Солскјер.