Триесетина мигранти пронајдени на железничка станица во Бања Лука

На железничка станица во Бања Лука утринава биле порнајдени 32 мигранти, соопшти полициската станица во градот.

Како што посочија оттаму голем број од мигрантите имале потврди за поднесени барања за азил.

За случајот известена била и службата за странци. Неколку од мигрантите кои со себе не носеле потврди за поднесено барање за азил биле префрлени во центар за сместување на мигранти.

Мигрантите биле пронајдени околу 7 часот утринава, а голем дел од нив, како што соопштија од полицијата, побарале да го продолжат својот пат кон Градишка, пренесуваат тамошните медиуми.

Треба да знаете
Последни објави