Ѓорчев: Откажете се од зголемувањето на платите, срамота е!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, побара од вицепремиерите да се откажат од зголемувањето на нивните плати во износ од 8.000 денари, кое се предвидува со новите измени на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери.

-Ги повикувам Шекеринска, Оливер Спасовски, Кочо Анѓушев, Хазби Лика, за кој слушавме дека со месеци не оди на работа, како и Бујар Османи да се откажат од ова неадекватно зголемување на нивните пlaти за 8.000 денари. Срамота е – рече Ѓорчев.

Неговата иницијатива да се тргне од дневен ред предлогот за измени во Законот, сепак не беше прифатена од Собранието.

Со законот се предвидува коефициентот за утврдување на плата за претседател на Уставниот суд, потпретседател на Собранието и заменик на претседателот на Владата да изнесува 4.00.

Треба да знаете
Последни објави