Дукс надушка килограм хероин во ранецот на Македонец на автобуската во Пула

Македонец бил фатен со килограм хероин, во понеделникот во Пула, информираат хрватските медиуми. Шверцерот бил откриен од полициско куче кое ја надушкало дрогата.

Според медиумите, станува збор за Македонец на возраст од 32 години, кој со автобус стигнал во Пула околу 14 часот. Полицијата спроведувала засилена контрола за откривање на дроги на автобуската станица, па таму било и кучето Дукс.

Македонецот им се причинил сомнителен, па полицајците го пуштиле Дукс. Тој веднаш го намирисал хероинот во ранецот, по што нашинецот бил претресен. Полицајците во ранецот пронашле пакет со 1.045 грама хероин, по што шверцерот бил уапсен.

Обвинителството во Пула покренала истрага против Македонецот, кој се товари за неовластено производство и промет на дроги, а тој од вчера е во притвор во Полициската управа на Пула.

 

Треба да знаете
Последни објави