Ени Ленокс: „Имам 64 години и брчки, ја заслужив секоја линија на моето лице“

Облечена во неколку откачени изданија заради снимањето на моден едиторијал, 64-годишната пејачка призна дека се надева дека нејзините ќерки, 28-годишната Лола и 25-годишната Тали, се горди на нејзините достигнувања во музичката кариера која трае импресивни 40 години.

Верувам дека моите ќерки го почитуваат она што сум го сторила и што сè уште го правам за нив. Јас сум исклучително горда на двете девојки како човечки суштества. Пораснав во Шкотска во 1950-тите и никој не покажуваше нежност бидејќи таа се сметаше за слабост. Со подигање на моите ќерки, сакав да се искупам за сопственото детство”, признава Ленокс.

Зборувајќи за достоинствено стареење, Ленокс призна дека никогаш не се подложила на третман за подмладување со помош на ботокс и лифтинг на лицето.

Не ги осудувам жените кои ќе го изберат овој начин на обезбедување младешки изглед. Ако благодарение на козметичките третмани добиваат психолошки стимул, тоа е нивен избор. Имам 64 години и брчки, па што ако? Ја заслужив секоја линија на моето лице. Притисокот врз жените секогаш да изгледаат совршено е премногу силен, но во оваа фаза од животот го сметам здравјето за најголем подарок”, рече познатата пејачка.

Треба да знаете
Последни објави