Лавров: Белешките на Болтон се отворен повик за интервенција во Венецуела

Говорејќи за кризата во Венецуела, рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, изјави дека САД и нивните сојузници сакаат да ги конфискуваат венецуелските државни добра со употреба на притисок. Тој истакна дека Москва ќе направи сè што е во нејзина моќ за да ја поддржи легалната власт во Каракас, а белешките на Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Доналд Трамп, на кои пишува: 5.000 војници во Колумбија ги оцени како отворен повик за интервенција во Венецуела.

„САД и нивните најблиски сојузници создаваат најсериозни пречки за можноста за меѓународна помош за решање на кризата во Венецуела“, изјави Лавров.

Според него, венецуелската опозиција е инструирана и под големо влијание на Западот.

Кризата во Венецуела настана кога претседателот на националното собрание, кое е единствено тело под контрола на опозицијата, Хуан Гвидо, се прогласи за претседател на еден од многубројните протести против актуелниот претседател Николас Мадуро.

Зад Гвидо застана Вашингтон, како и многубројни латиноамерикански земји поради што Москва смета дека зад бунтот стојат САД.

И Мадуро тврди дека станува збор за државен удар оркестриран од Вашингтон. Тој денеска уште еднаш повтори дека ги прекинува дипломатските односи со САД и нареди американските дипломати да ја напуштат Венецуела. Тој му порача на Трамп на англиски јазик „да ги тргне рацете подалеку од Венецуела“

Треба да знаете
Последни објави