Кога некој би ве прашал дали би се запросиле самите себеси, што би му одговориле на тоа прашање?
Многу е веројатно дека само чудно би го погледнале и би одмавнале со главата. Сепак, т.н. самозапросување навистина постои, а има и свој симбол во облик на прстен, но оној кој е прикладен за малиот прст.
Имено, американски бренд смислил анти-свршувачки прстен, кој е наменет за истражување на љубовта и почит кон самите себеси.
„На почетокот на 2015-та година, постигнав сè за што некогаш сонував – одлична кариера, сопруг, деца и дом. И покрај тоа бев несреќна, изгубена и неповрзана самата со себеси, поради недостаток на љубов и внимаие кое си го давав на себе. Очајно ми беше потребен некаков впечатлив и прекрасен дневен потсетник за тоа колку треба да се почитувам и ценам самата. Затоа и го создадов“, изјавила сопственичката на брендот.
Прстенот, нормално, наменет е за сите жени, а како што гледате на фотографиите, го има во разни бои.
Дали би го прифатиле овој нов хит?