Мароканскиот стопер Мехди Бенатија го напушти Јувентус и потпиша за екипата на катарски Ал-Духаил.
Бенатија неодамна побарал трансфер од Јувентус поради тоа што бил незадоволен од својата минутажа, а неговата нова дестинација е Катар.
Искуснуот дефанзивец добил богат договор, а наводно Јувентус од трансферот ќе заработи 10 милиони евра.
Бенатија пред Јувентус настапуваше за Баерн Минхен, Рома, Удинезе, Клермонт и Марсеј, а на негово место во Торино пристигна Уругваецот Мартин Касерес.