Тимот на Ливерпул е многу близу до остварување на големиот сон на неговите фанови. Тимот од Мерсисајд се на чело во Англија и поддржувачите се подготвени да се радуваат на титулата, која за последен пат ја освоија пред 29 години.
Последниот меч дома е на 12 мај на „Енфилд“ против Вулверхемптон. Се повеќе и повеќе навивачи веруваат дека тогаш „црвените“ ќе триумфираат во Премиер лигата и ова е веќе очигледно на сајтовите за продажба на билети.
Во сајтови за продажба на билети цените стигнуваат и до 6,000 фунти.
Во моментов екипата на Јирген Клоп е на чело на табелата со 60 бода по 23 кола, на 4 пред актуелниот пампион – Манчестер Сити.