Во бележникот што американскиот советник за национална безбедност го држеше во раката за време на конференција посветена на Венецуела, стои и „5.000 војници во Колумбија“.
Џон Болтон, меѓутоа, како што пренесе „АП“ оваа реченица не ја изговорил. Таа е запишана во бележникот што го држел Болтон на прес-конференцијата, каде најави дека САД воведуваат санкции на венецуелска нафтена компанија во државна сопственост.
За време на прес-конференцијата не беа споменати никакви планови во врска со испраќање на трупи во Колумбија.