(Видео) Зеќири: Пазарџиите да бидат спокојни, заедно ќе најдеме решение

Мухамед Зеќири, пратеник и потпретседател на СДСМ на Бит-пазар имаше средба со пазарџиите, со кои рече дека разговарал за актуелни теми, за состојбата со организацијата на пазарите, како и за одредбите од Законот за трговија на зелените пазари.

,,Вчера, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го одложи Законот за трговија на зелените пазари за една година.Тука сме, да се најде соодветно и достоинствено решение што ќе биде во интерес на сите, како на пазарџиите, така и на организаторите на пазарите.

Со тоа, се отвора простор за дебата и консултации со цел да се дојде до заедничко решение како да се подобри организацијата на работата на пазарите, а истовремено да бидат заштитени сите засегнати страни. Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, заедно ќе дојдеме до решение со кое ќе може чесно да се заработи денар повеќе, но ќе се обезбеди и решение за сузбивање на сивата економија”, изјави тој.

Треба да знаете
Последни објави